Среќни новогодишни и Божиќни празници

Драги членови, симпатизери и пријатели на Десна,
На прагот на Новата година, дозволете ни од се срце да Ви се заблагодариме за Вашата посветеност, истрајност и верба.
Годината што ја оставаме зад нас беше полна со предизвици, но и со јасни докази дека кога сме обединети околу принципите на државотворност, правдата и националното достоинство – можеме да истраеме и да напредуваме.
Десна не е само политичка партија.
Десна е идеја, став и одговорност.
Одговорност кон Македонија, кон нејзиниот идентитет, традиција и иднина.
Благодарение на Вас, нашите членови на терен, активистите и поддржувачите, оваа идеја продолжува да живее и да се зацврстува.
Во Новата година влегуваме со јасна цел – посилна, поорганизирана и погласна Десна.
Ќе продолжиме бескомпромисно да се залагаме за суверена држава, владеење на правото, заштита на националните интереси и достоинствен живот за секој Македонец.
Нека Новата година Ви донесе здравје, мир во семејствата, личен успех и нова енергија за заедничката борба. Верувајте во себе, верувајте во Десна и верувајте во Македонија.
Среќна и успешна Нова година!
Да живее Десна!
Да живее Македонија!