Сефте

За првпат во животов седнав и напишав книга. Книга, како моја потреба, но и вишок на време затоа што скоро една година сум во затворска самица. Започната е во турска ќелија, а завршена е во северџанска, на густо средени четиристотини страници.

Посветена е на мојата ќерка Александра, духовната сестра Ана и на љубовта на мојот живот Весна Палевска.

Книгата содржи дваесет и шест поглавја, од кои четиринаесет се за US Corporationˮ и дванаесет се за Македонците, каде што Македонецот се преплетува, постои.

Насловот US Corporation и Македонцитеˮ е наслов со две спротивставени гледишта, за судирот на вредностите, за начинот на живеењето и за односот кон Бога.

Со два топа фотокопир хартија, педесет хемиски пенкала, одлични турски пенкала успеав да ја скоцкам книгата, во која што, на пример, во поглавјето „Атентатиˮ ќе прочитате изворно зошто и кој го дигна во воздух Киро Глигоров, но и Зоран Џинџиќ, без сензации од некакви фалшливи мафијаши, туку со конкретни аргументи одвнатре, од атентатите.

Ќе прочитате од каде, како и колку пари украле, па со тие украдени пари од Македонскиот народ постоечкава елита ги плати фабриките, процес и време што срамно се нарекува приватизација, при што централно е поставена Француската револуција со Наполеон, како второ полувреме со директни импликации врз Македонецот.

Еден сосема нов контекст на она што било, е денес и она што ќе биде, каде што прозата како естетика и занает е неважна, затоа што во секоја реченица, збор, извира борбата за вистината.

Сметав дека треба да ја напишам за да остане трага, сведоштво затоа што непренесеното знаење на крајот станува хумус, а не знаење. А, токму затоа и ја започнав и втората книга „Дигитално увоˮ, сеирџиска, воајерска книга за ликот и делото на многу политичари и нивниот придонес за проектот Северџанија, во форма на роман, како логично продолжение на US Corporation и Македонцитеˮ, од која како најава ви го давам за читање последново, лесно и кратко поглавје со наслов „Духотворбаˮ.

Поглавје 26

ДУХОТВОРБА

Крајот на оваа книга, ова дваесет и шесто поглавје е последното, во кое ќе опишам како со голема промена во новиот мултиполарен свет како официјално светско уредување, поредок во којшто ќе се појават промени во една наука со име историја, по што светската политика ќе има сосема друго лице, форма.

Економските промени се случуваат со сериозни последици веќе десет години, како резултат на новиот економски сојуз. БРИКС е веќе реалност, затоа што БДП (бруто домашниот производ) како збир на Г7 (Група Седум во којашто се: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД) на „US Corporationˮ и оној на БРИКС веќе е егал, изедначен е. Реален мануфактуринг и реална додадена вредност со контра финансиски сервиси, лихва и голем број на банкарски измислени услуги. Тоа се два концепти во директен судир за развојот на светов, но пред сѐ судир на два начини на развој, доминација или соработка.

На пример, да го погледнеме Тајван. За разлика од НАТО (Г7) којашто како организација бомбардираше суверена држава, Кина има барем десет причини повеќе за напад и анексија на Тајван, отколку НАТО што ја бомбардираше поранешна Југославија. Но, Кина не го прави тоа, ако се занемарат закачките околу територијалните води на Јужно Кинеско Море, сосем спротивно, Кина во моментов е најголем трговски партнер на Тајван. Тоа значи: не за доминација – да, за соработка.

Постојат многу други примери за објаснување на двата концепти коишто во материјалниот глобален свет означија ера на алтернативи, избор помеѓу вазалство и партнерство. Неважно е дали некој либтард тоа го гледа, констатира или не, затоа што гравитацијата, економската наука секој ден покажува нешто што во последните два века беше невозможно, а тоа е дека најрадикалната шиитска држава, Исламска република Иран, има одлични билатерални односи со најсериозната сунитска држава Турција, но во исто време заедничкиот интерес е поставен врз рамноправни односи, на база на економска наука, а не врз хегемонија. Индија наместо да војува, има одлична соработка со Кина, Русија, Бразил, а тоа е БРИКС.

Вака променетиот свет ги создава условите за промена и врз општата, колективна мисла во светот, со што бившата сила, секојдневно и неповратно го губи авторитетот изграден на сила и со стравот како последица.

Промената на јавното мислење на глобално ниво, ослободувањето од два века војни, заканите и стравот е процес којшто се случува во моментов, додека влијанието на баварската ревизија е огромна штета и којашто многу вешто е глобално имплементирана од кадешто „US Corporationˮ два века црпи лажни аргументи, во нејзините војни и мировни конференции. Па, токму во моментов Македонија е нападната со историски фалсификати, а не со политички аргументи!

Економското ослободување ќе има огромно влијание и врз човековата логика, но тоа е процес за когошто треба огромна борба и време. Времето е веќе тука, пристигна, но и борбата е во полн ек со тенденција интензитетот да се зголемува. Мајндсетот, сетирањето на умот, на акалот, беше процес со децении инсталиран, сетете се како нашиве дедовци верувале дека комунизмот е најубав, праведен, додека нивните идоли, работничките авторитети оргијале по државни функционерски вили. Сети се, но и види ја, запомни ја колективната манипулација.Таквото искуство треба да помогне и да се подготвиме за следното, за ДУХОТВОРБАТА.

Економскиот суверенитет не постоеше до скоро, сѐ беше под контрола на „US Corporationˮ или во фаза на воспоставување на контрола, а интелектуалното робје дебатираше за неолиберализмот, за залетаниот трансхуманизам, а денес преполовен, додека со сите управуваше истата „US Corporationˮ.

Правото да говориш што сакаш на некакви јавни дебати, не е демократија туку вентил на бесот, а демократија е право да одлучуваш, да гласаш, со што влијаеш политички, а тоа денес не постои.

Системот демократија денес е силно компромитиран, токму од оној кој неспорно го создаде, а тоа е „US Corporationˮ, но и до максимум ја злоупотребува во нејзините инсталации на милиони, национални нејзини извршители во форма на политичари.

Сѐ ова денес е прочитано и светот почнува да се бори за да се променат работите, конечно, во нашиот случај, македонскиот – секогаш во големите геополитички промени сме се бореле и сме правеле национални исчекори. А, тазе и најголем исчекор е АСНОМ.

Токму АСНОМ кој денес е демолиран, скоро избришан, а со тоа и националната држава на Македонскиот народ де факто и де јуре исчезнал, не постои.Тоа е факт, а не моја теза. Но, зошто Бугарија е национална држава на бугарскиот народ, а Грција на грчкиот народ, а и двете запнале да уништат мнозински народ којшто е во рамноправна заедница со етнички минијатури, системски регрутирани, исто како и Македонците коишто се мнозинство?!

Сето тоа е последица на НАТО и ЕУ- интеграции кои не се реална корист, туку едно бесконечно ќе, ќе, ќе, ќе – ветување врз ветување. Сѐ ова е технологија за манипулација на маси, втемелена врз лажни аргументи од депото за лаги, наречено Баварска историска ревизија.

Замисли, денес нашава ИСТОРИСКА комисија, генерално државата, при посета во Брисел на Урсула во кабинет да ѝ подарат копија од оригиналниот Договор на Рим и неколку илјади добро обучени ТАТАРИ, одлични коњаници задолжени во Добруџа да собираат данок од Славјаните и хеленизирани власи.

Татарите, со сѐ цела фамилија, не биле повеќе од десет илјади луѓе, но на краевите на Империјата биле одлични државни рекетари. Но, каде е тој Договор, каде е оригиналот, дали некој Македонец го барал, дали државата децении наназад го барала?! Не, драги мои Македонци, градење на Историска македонска стратегија никогаш никој, барем не јавно, не барал да се изгради.

Непобитен факт е дека ние сме сериозно нападнати со фалс историја, преку која татарска даночна номенклатура преку ноќ станува народ, а народот Македонски сакаат да го направат политичка последица на АСНОМ, без разлика што е обратно, без разлика што АСНОМ е последица на Македонската борба.

На прв поглед, на прва мисла, немаат никаква врска БРИКС и ИСТОРИЈАТА. Но, не е така. Историската аргументација е многу важна, особено денес кога се случуваат огромните политички промени.

При секоја голема промена, ИСТОРИСКАТА АРГУМЕНТАЦИЈА е легитимацијата на државата, но и на народот. За жал, ние како генерација израснавме со перцепција дека историјата е учебник, оценка и лекција, а не аргумент за борба и опстој, а не силна аргументација.

Она што следи, а јас го нарекувам ДУХОТВОРБА, има и физичка форма, а веќе ја приспомнав и во претходните поглавја, именувана е како АРХИВАТА на ИВАН ГРОЗНИ.

Целата државна архива со државни документи на Римската Империја се наоѓа токму во оваа архива, која после шест векови ќе излезе на светлина. Во АПОСТОЛИКА на Ватикан, архивот има сѐ и сешто, но ниту еден императорски печат. Затоа одговорот пристигнува во 2030 година. Нашите аргументи се со римски печат; непријателот кој ја освои Македонија, покажал многу поголема почит кон Македонците, Траките, Илирите, Славјаните, генерално со сета своја сила и бруталност, а сепак, никогаш немал потреба да преименува народ; територии да, не секогаш, но провинциите знаел да ги преименува. Во таа АРХИВА постои Римско – персиски мировен договор, каде Рим како поразена страна ставил печат и потпис дека народот од Лорестан (Персиска Империја) зема обврска да го тргне од победничката империја и да го насели далеку, конкретно во Скадар. Со печат, со потпис, сѐ комплет. Ќе излезе и документацијата за тоа кои се и од каде се Мирдитите и на чив гроб организираат аџилак во Албанија; кај директниот крвен наследник на Мухамед.

Баварската историска ревизија е далеку од квалитетен фалсификат, толку насилно наметната лажна вистина која предолго се тркала и користи по инерција, па така и во врска со Нивице договорот ќе дадам една мала, ситна и трагична илустрација којашто е егзактна затоа што се работи за бројки. Заборавиле да фалсификуваат, поточно заборавиле да ги фризираат бројките за атинските жители во 1834 година, каде што точно стои дека новата престолнина на новата грчка држава има 4.500 жители, покрај столбовите во селото на Перикле. Солун, Битола и Скопје се мегаполиси во 1834 г. за Атина, а тоа ќе излезе и со бројки и со слики.

Но, вреди да се споменат фактите дека Власите се поголеми Грци и од самонаречените Грци. Хеленизираниот влав Симон Синас од Москополе кој се обогатил во Австро -Унгарија, лично ја изградил Академијата во центарот на Атина, а подоцна син му ја изградил Националната опсерваторија во Атина. Познат Данец е архитектот, неокласицизам завршен од 1886 -1887, познати се трите згради наречени Трилогија. Сѐ тоа е британски театар којшто после 2030г. ќе се распадне како кула од карти, без разлика што мудро ја продадоа Патра на Кина.

Бугарите, за разлика од Грците, се мали деца, романтичари на кои очајно им треба Македонија, а пак нашето незнаење и глупост со палење на бугарски клубови, клубови за потребите на Грција и Британија е причина, па јавно Ве прашувам: – Кои се Грците во Македонија?

Грците беа најрадосни додека се напаѓаа бугарски клубови, но во општиов хаос во Македонија, најгрчката партија Левица е нивната многу суптилна алатка. Сорос Атина!

Сѐ ова се јавни бројки и факти што лесно се проверуваат, а се пропусти во баварскиот фалсификат. Но, најпрво треба светот, поточно Европа, да почне да се преуредува, во чиешто преуредување на Европа „US Corporationˮ нема да има влијание, за да биде европска.

Сите историски вистини го чекаат моментот кога европјанинот ќе биде подготвен и ослободен за соочување со вистината.

Еден реален пример, но и прашање за коешто до ден денес не слушнав одговор, а го поставив јавно и претходно во КРШ муабети, во 4к резолуција, поткаст, а јас водител, во кое што покажав аргументи за лондонски фалсификат со време/старост и локација на пронаоѓање. Покажав македонски монети, со Филип во профил, тетрадрахми и неколку статери коишто се 400 години пред Христос исковани, но се пронајдени во ископувања во Љубљана, Унгарија, Киев, но и во степите источно од Дњепар кадешто денес се војува. Проблемот, уште пред да го поставам моето прашање, е тоа што од Спарта и Атина нема ниту една монета, буквално. Прашањето е, ако миграциите се од Исток кон Запад, тогаш што мајка бара македонско злато во облик на монета, во обратна насока, 2-3.000 км на исток и север?! Александар не припарил ниту кај Алпите, Љубљана, ниту го прошол Дунав, Унгарија, а Дњепар го немало на картата.

Одговорот со римски печат ќе се појави во ослободената Европа од „US Corporationˮ, во 2030 година во форма на злато на праславјаните, на дедо ми Праслав. 

Без разлика што аргументот поседува лондонски сертификат, либтардите ќе го прогласат за теорија на заговор.

Големите миграции на Славјаните се последица на Римско – македонските војни што траеле повеќе од еден век. Но, за сѐ ова што се нарекува вистина, треба сите да бидеме слободни за во истото да се увериме, и затоа БРИКС и новиот светски поредок имаат директна врска со слободата и вистината во нашите лејки!

Затоа и тврдам дека Груевски беше подобро воопшто да не се зафаќа со сериозни работи, убаво си тераше реформи како технократ, но наредбите од стручњаците на Рабин Менахем од Шабад Љубавич (Chabad Lubavitch), Филкенштајд и Брнбау, очигледно дека мораше да ги изврши. Александар секогаш спојувал, Александар е првиот глобален лепак, а со Грујо, нас Александар нѐ потепа, нас нашите, Македонците!

Духотворбата која е близу, го чека моментот за сопствена појавност, а истата е состојба на срцето, емоцијата и лејката, на рациото и на информацијата.

Му благодарам на Бога што четири бродови со Римска архива неколку недели пред 29 мај 1453, во ден вторник, завршија далеку на север, на безбедно, пред Османлиите да влезат во градот.

Но, за крај на книгава, ҆одиме на гости’ кај либтардиве и по четврти пат ќе го цитирам Хенри Кисинџер, со неговата изјава, убаво објаснета во негово дело, а изјавата е одговор зошто сѐ ова се случува во СЕВЕРЏАНИЈА: ˮСАД ги имат сите историски и геополитички причини да ја поддржат Европската Унија и да ја спречат да одлета во географски вакуум. Доколку би биле раздвоени од Европа во политиката, економијата и одбраната,САД би станале само остров на бреговите на Евроазија, додека пак самата Европа би можела да се претвори во привезок на богатството на Азија и Средниот Исток.ˮ

Изјавата на Хенри Кисинџер е од 2014г. во неговата книга „Светски поредокˮ и можете самите да ја проверите, и е месец дена пред да се случи Мајдан, а после месец или два почнаа аудио – бомбите во Македонија. Ова го кажувам заради временска ориентација.

Доколку сте внимателен читател, Кисинџер вели „САД ги имаат сите историски и геополитички причиниˮ, значи дека нема трета причина.

Ова ви е доказот од што се плаши „US Corporationˮ, историски (Баварска ревизија) и геополитички причини (БРИКС). Затоа велам, војната во Украина е почетокот, а Духотворбата е финалето закажано во Берлин, а втората утакмица на финалето ќе биде во Париз, бунтовниот Париз.

Од денешна временска дистанца БРЕГЗИТ има сосема друга димензија. Фалсификаторот прв побегна од местото на злосторот, затоа што ја здогледа далеку на Истокот вистината, којашто ја нарекувам АРХИВАТА на ИВАН ГРОЗНИ, и затоа навреме побегна, а се вика ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО!

Најсилниот аргумент кој во блиска иднина ќе се појави, а воедно ја потврдува Духотворбата која доаѓа низ времево и просторов е новиот период, облик, фаза од капитализмов, и го слушав како теза пред пет години од најпаметниот скопјанец Исак Адижес, од кого многу сум научил, а сме имале едвај две неколкучасовни средби, пред точно дваесет години, во неговото родно Скопје. Во тоа интервју, тој ги дефинира индустриските фази, од ерата на силата, па потоа ерата на машините, мисли на ВАТ, па и на енергијата, до скоро капитализмот на информатиката, сѐ до сега кога доаѓа периодот на капитализам на срцето.

Во експликацијата на тезата професор Адижес, чика Исак, така му се обраќав во интервјуто, не ми текнува во затворов, немам услови да го наведам името на поткастот, но тоа е неважно, тврди дека експанзијата на капитализмот во просторот на глобално ниво е завршена, веќе нема каде да се шири, а ќе биде капитализам на срцето затоа што во следната фаза, целиот развој, корпоративните битки ќе бидат околу клиентите. Тоа значи дека дефинитивно постхуманизмот ќе биде во следните десет години уредување во АУКУС сферата на доминација, а тоа се:САД, Обединетото кралство, Канада, Австралија, Нов Зеланд, а тоа конкретно е пазарот на „US Corporationˮ. Идното уредување на териториите на „US Corporationˮ во поглавјето „Приватни државиˮ е конкретно објаснето и аргументирано, професоров мислам дека рече дека е во Калифорнија каде што е сместен институт за Менаџмент на кризи и ми го објасни начинот како, со колку прекрасен целофан ќе биде продаден постхуманизмот, кога нема да постојат државјани на САД, туку ќе постојат потрошувачи на САД.

Борбата за клиенти потрошувачи во блиска иднина исто така вреди инстант да се изброи, да се споредат пазарите на БРИКС и Г7 за да се види дефанзивата на „US Corporationˮ. Оваа провокација како теза на Адижес за блискиот капиталистички систем, ме потсети колку многу светот се променил за само еден век, последниов век.

Се сетив дека во претходните поглавја на книгава детално објаснувам дека Британија пред Првата светска војна поседуваше 33.000.000 км/2, што претставуваше една четрвтина од Земјината површина, а ја анализирам до каде е денес.

Но, исто така знам дека ниту една колонија не беше на круната, туку на Источно-индиска корпорација и уште на десетина слични компании под „US Corporationˮ, па доколку направиме анализа на последниве сто години вледеење на „US Corporationˮ и на банкарскиот дионизам како нејзин сопственик, се заклучува дека државите се смалуваат, а корпорациите се неколкукратно зголемени. Но, сега, со монолитен и солидарен БРИКС, корпорациите се во позиција да молат или, да не претерувам, пристојно и фер да се однесуваат ако сакаат пристап на пазарите на членките на БРИКС кои не се еден пазар, туку меѓусебно координирани национални пазари, а бројката на тие БРИКС пазари е две третини од населението на планетава.

Либтардот денес веднаш ќе се повика на стандардот на население, тра-ла-ла, заборавајќи кретенот дека колку и да имаат висок стандард, обично купуваш еден мобилен телефон, а не десет бидејќи е уред, а не храна која се конзумира секојдневно, а тоа значи дека цела Германија како пазар е еквивалент на Делхи и неговата околина, или на градот Шангај. Иднината и во конзумер индустријата е на страната на БРИКС, со што појавата на големата промена и во историската аргументација ќе остави силни последици и врз пазарите на БРИКС, затоа што уредувањето на тие пазари е национално.

Доколку малку се потрудат либтардите да разберат како е регулиран БРИКС, ќе разберат дека уредувањето е суверенизам од изворен облик, како што е договорот во Весфалија пред четири века.

Денес Епл својот Ајфон што го произведува во Кина, исто така и го продава во Кина, а според резултатите кинескиот пазар, како и индискиот, се најзначајните пазари за корпорација којашто во моментов е број еден според капиталната вредност.

Токму затоа БРИКС е исто така и уредени национални пазари кои меѓусебно се регулирани, пазар кој не е единствен, каде предноста и иднината на вака организираниот БРИКС е неспоредливо поголема, за разлика од Г7 којшто сѐ уште не знае како да го реши периодов на неговото повлекување и организирање во новата сфера на АУКУС.

Како заклучок, мануфактурингот е убедливо на страната на БРИКС, но и пазарите според остварените бројки денес се изедначени, а тоа значи дека БРИКС е комплетна економска сила која, освен мануфактурингот, поседува и сопствени пазари, како што беше САД пред и кратко по Првата светска воја, за разлика од Г7 денес!

Ова што денес го живееме не е конфронтирање од типот на две спротивставени страни како во време на Студената војна кога сите славјански народи беа бетонирани со комунизам и беа во улога на Баба Рога додека US Corporationˮ технолошки и економски се развиваше. Денес светот е свет на слободен избор, свет на два концепти, на доминација и на веќе видливиот постхуманизам контра економскиот национализам и огромен збир на религии и народи кои заради економски конкретни интереси меѓусебно се организирани.

Македонската политичка елита воопшто не реагира, не се осврнува на реалните состојби во светот кога ги гради своите политики, туку сосем обратно, претворена е во добро организирана структура која се нуди своето влијание на територијата кадешто дејствува да го продаде на „US Corporationˮ за да биде инсталирана, за да биде алгоритам на вазал!

Алтернативата БРИКС која МУЛТИПОЛАРНИОТ СВЕТ како алтернатива веќе ја наметна како светско уредување и поредок, а тоа го признава јавно и Лари Флин во своите јавни настапи како CEO на Блек Рок Инвестицискиот фонд, без разлика дали некој дебатер- шабанер во нашава Северџанија тој аргумент го признава.

Затоа следи периодот којшто за првпат се случува, а јас го нарекувам ДУХОТВОРБА, затоа што свеста на луѓето, историската вистина како базен од каде што црпиме аргументи ја моделираат логиката на секој еден човек, кој пак е основниот елемент на секој пазар.

Соработката и координацијата на неверојатно различни пазари на БРИКС по религија, начин на живеење и раси, за да бидат меѓусебно синхронизирани мораат да бидет втемелени на ИСТОРИСКА ВИСТИНА, а не лага која беше неопходна за нивно освојување заради доминацијата до неодамна.

Затоа Хенри Кисинџер во својата изјава во однос на причините за поддршка од САД на ЕУ посочува само две причини, историска и геополитичка. Поставеноста на НАТО и ЕУ како догма, мојот народ го ставаат во позиција на зомби, жив мртовец токму либтардите по наратив, па дури дебатери шабанери коишто се декларираат за либертаријанци, изворен либерализам, се однесуваат како нацисти. Програмирањето на лејката денес е толку евидентно, а во книгава тоа во претходните поглавја темелно објаснив, па како пример за крај ќе Ве потсетам на една многу голема грешка која се продава како вистина, а тоа е дефиницијата за антифашистичката борба. Борбата за време на Втора светска војна беше антинацизам, а не антифашизам. Доколку беше антифашистичка, победата ќе се славеше 1943 а не 1945, но оваа грешка намерно ја прават подеднакво сите тогашни сојузници, вклучително и денешна Русија.

Две атомски бомби се фрлени врз фашистичка или нацистичка држава?или можеби врз царска Јапонија.

Зарем не знаат либтардиве денес дека токму Фројд од Виена преку Италија беше однесен во Лондон, затоа што не сакал да живее во САД, премногу вулгарна била за неговиот вкус!

Бенито Мусолини, наречен Ил Дуче и неговиот Фашио, за симбол го избра токму симболот на Јулије Цезар, којшто го претвори во симбол на римските легии, а тоа е врзаниот сноп од класје пченица и до него стои бројката на Римската легија.

Дуче не прифати вградување во системот на фашистичка Италија екстерминација на Евреи, Славјани и Роми, ниту пак испорачуваше Евреи на лудакот на US Corporationˮ Адолф Хитлер, за разлика од една Бугарија, Романија, Унгарија кои послушно испорачуваа Евреи.

Точно може да се избројат цивилни жртви во Втората светска војна извршени од италијанската армија и да се компарира со германската. Но, мнозинството либтарди без исклучок, за бугарската окупација употребуваат фашистичка окупација, наместо нацистичка, затоа што Бугарија испорача преку 11.000 Евреи од Македонија, а договорени се 20.000 од кои, преку 7000 од Скопје, Битола и Штип, а останатите се Сефарди од Солун. Дури и после овој факт, Бугарите за периодот од Втора светска војна се фашисти, а не нацисти.

Бенито Мусолини US Corporationˮ го уби како куче на плоштад, а Ханс Липке потписникот на законот за убивање на Евреи стана шеф на кабинет на Конрад Аденауер, провинциски наци градоначалник инсталиран за прв повоен канцелар. Нормално, Хитлер исчезна, пишаа дека се самоубил, без тело.

Овака ќе делува ДУХОТВОРБАТА со документација, кој сѐ ова го организирал и како US Corporationˮ со економски нацизам до скоро владееше со глупавата Европа.