Зоран Петковски
Генерален Секретар на Политичката партија ДЕСНА

Кратка биографија
Роден сум на 20.12.1972 година, во Куманово, како трето дете на моите родители, таткото Живко и мајката Благунка, сега починати и двајцата.
Основно училиште завршив во Куманово во ОУ “Крсте Мисирков”, како одличен ученик.
Заминав на школување, во поранешната ЈНА, во Морнаричкиот училишен центар во Сплит, сегашна Република Хрватска.
По четиригодишно школување, како старешина, дипломиран електро-техничар, хидро-акустично и ИТ специјалист, бев распореден на бродовите на Воената морнарица.
По случувањата во поранешна Југославија, во месец Мај 1992 година, се вратив назад, во Татковината, во Република Македонија.
Како воен старешина од 1992 до 2005 година, извршував разни должности, преку командир на вод, командир на караула, Управник на наставен сервис и Стрелиште, преку штабни должности за планирање, операции и обука за припадниците на граничните единици на АРМ.
Во 2005 година, преминав со работа во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Извршував разни должности и таму, преку реализација на проекти од суштинска важност и висок степен на тајност, во делот на опремување и видео надзор и мониторинг на границата, ментор, инструктор во Центарот за обука на МВР, полициски работи на терен во урбана и неурбана средина, до Инспекторатот за странци и Оделот за криминалистичко разузнавачка анализа.
Од 2022 година сум пензионер.
Семејство
Оженет сум, со сопругата Марина. Татко на два сина, Милош и Христијан Петковски.
Имам и внуци, Дамјан и Милица.
Активизам и волонтерство
Волонтирам долги години преку разни здруженија и асоцијации за заштита на уличните и бездомни животни, членував во Црквени одбори на МПЦ-ОА, Ликовни колонии и др.
Хоби и интереси
Возам велосипед, пливање и играње на фудбал и кошарка.
Активности во П.П. Десна
Член и основач на ПП Десна сум од 04. 02.2022 година.
Учесник на 1. и 2. Конгрес на Десна како Делегат и член на ЦК Десна, воедно и како член на Комисијата за безбедност и разузнавачки активности на Партијата.