ПИСМО 2 од ПАЛЧО ‼️‼️
РАСКАЗ ЗА ПУСТО ТУРСКО (Оооо Македонци бр. 2 – 04/04/2024)
Комплетно изолиран, самица, ПРЕКУ 120 ДЕНА по ред, бетон турски, милина, па да се обидам со фантазија и проекција да претпоставам во каква манџа се варат МАКЕДОНЦИТЕ на овие ИЗБОРИ 2024.
Борделот на брзинка окречен, политичкиве курветини кој со скалпер, кој со ботокс или филер сеедно, се пицнале, дотерале, па со неокречени мувлосани медиуми се обидуваат да ви продаваат излитени НАТО прогресии.
Во УСА се судираат фундаментални концепти, Русија војува, а во Македонија курветини глумат девици и сето тоа го претставуваат за политика.
Македонците СТАНДАРД, чекаат. Стари чекачи се Македонците, па ќе видиме што ќе дочекаме. Оваа 2024 година каде и да се завртиш избори има, се прави РЕИНСТАЛАЦИЈА за новото време кое доаѓа.
Јас пак со две гулабчиња лево од мене на прозоров со решетка успеав некако по втор пат да ве известам за мојава мака од ПУСТО ТУРСКО.
Кој е роден и се чувствува како Македонец ќе разбере, кој пак е формален, административен Македонец или пак организиран Анти Македонец со еден збор „НАТО прогресивец“, СЕВЕРЏАН локално име, ќе се прави дека не прочитал, не чул, не видел.
Накратко, месец Април, ден 4ти, 120ти по ред, лево турски, десно турски, сегде турски, а тоа сегде се два ходника низ кои проаѓам за да 2 часа се вртам во круг во бетонска дупка од 50 м2, бавча ја викам.
Хронологијава во последните 120 дена што ја пишувам ќе заврши со едно едноставно прашање на крајот, но прашање за сите Македонци.
– Прво, бев похапсен во ресторан на 5 декември 2023 околу 18 часот горе доле.
– На 6ти бев во суд каде ме прашаа за каква екстрадиција се определувам:
Одговорот беше КРАТКА, БРЗА без оспорување од моја страна, без противење!
– Многу важно, го прашав судијата колку време трае БРЗАВА, КРАТКАВА ЕКСТРАДИЦИЈА, добив одговор дека целиот процес е 40 дена од денот на хапсење.
– на 22 декември бев во Баликесир на повисокиот суд каде за разлика од Првиот, Понискиот Суд, ме прашаа дали постои опасност од МАЧЕЊЕ и УБИВАЊЕ во Македонија.
За прв пат почувствував СРАМ за мојава држава и од ИНАТ ако ништо друго дадов изјава: „НЕ, инсистирам на КРАТКА и БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА во Македонија за да се бранам во ИСТРАГАТА.“
Сѐ ова после 5-6 писанија до обвинителот, го добив на коректен Англиски со печат и потпис од Судот. Од тогаш, од минатата година до денес, едни други курветини, „НАТО Прогресивци“, но кои на ЕРДО се клањаат, Министер за Правда, колега на малоумниов Кренар Лога го држат ПАЛЧО во „ЕКСПРЕС“ БРЗА ЕКСТРАДИЦИЈА.
На онаков МЕДИУМСКИ ЛИНЧ од луѓе без талент и било каква вештина, карактер па ич, НОВИНАРИ се самонарекуваат, НЕ ЕКСТРАДИРАЊЕ на ПАЛЧО, а постапка завршена пред Нова година, сугерира дека колективната интелегенција на Македонецот повторно е потценета до бескрај.
Обична наредба од обвинител надлежен, во случајов Фатиме, е потребна за полицијата да ме донесе за 24 часа во Македонија. Но, ете 120 дена пројдоа, штама.
Цело време пишувам за постапка, а не за истрага, за тоа е задолжена една УДБАШИЦА ЛУПЕВСКА, во лоповско/олигархиска телевизија паркирана. Но да ја баталиме таа наказа, да се вратиме на постапкава.
Креатор и проектант е АНБ која е директ под управа на Калето, а на глупердиве во тандем Бубевски и промашениот Поп Спасовски.
Затоа пишаните две глуперди треба да знаат дека повеќе од било кој сакам да се расчисти овој ЗЛОСТОР, но не како навивање на ЈУЖНА, со пиво во рака.
Болката на АНБ е #КРШ 111, поточно кој ЛАПАЛ од „НАТО прогресивниве“, ИРАНСКИ КЕШ од продажба на ШАХИД дронови на Руска Федерација. Можеби лапале КЕШ заедно со нивните ГАЗДИ, АТЛАНТИСТИВЕ, кој ги знае – сѐ може да се очекува од овакви лудаци.
Тоа е големата болка на Анти Македонскиве свињи кои веднаш после ИЗБОРИТЕ пак ќе и се навртат како хиени на МПЦ-ОА.
Затоа драги мои Јустинијанци постапката сепак треба да има форма, „реда ради“, доста се брукате!
Срамно е „МОНСТРУМОТ“ да пишува ургенции до Министри во туѓи држави ДЕНЕС на Писмено и Македонски, најпристојно во свет му се обратив на Амбасадорот наш, македонски во Анкара. Нека остане ТРАГА, нека има црно на бело за идни времиња!
Каква е таа истрага во која прво осомничениот фаќа врски за да биде присутен во неа?
Каква е таа ЕКСТРАДИЦИЈА (Consent-based extradition procedure) 40 дена која еве денес после 120 дена не постои, АШШ, ЈА НЕМА?
Во прогресот се залетани СЕВЕРНИВЕ, за нив прогресот е над ЗАКОНИТЕ, пери носи се ЛУДАЦИВЕ.
Во продолжение на писаниево со мојов Англиски специјален за плажа и диско, Ви праќам и специјално писмо од Затвор до Министерот за Правда на Турција, трето по ред, ШТАМАА !
ПОЗДРАВ од ПУСТО ТУРСКО, за сите браќа и сестри Македонци.
Правете што ќе правите, немој ДУШАТА ДА ВИ ЈА УКРАДАТ МПЦ-ОА СЕ ВИКА, има име од кое сатаната цвичи во Бигорскиот Манастир.
ВЕ САКАМ СИТЕ,
БОРБА – БРАЌА.
Поздрав,
Палчо с.р.
Турција 04/04/2024
Подоле читнете на Англиски, има грешки, но као за затвор, добро е.
