Информација за јавноста од ПП ДЕСНА
Како што најавувавме, Љупчо Палевски Палчо, ќе биде екстрадиран дури по изборите на коишто ПП ДЕСНА мораше да биде неутрализирана по секоја цена.
Палчо, од 17. јануари притискаше да биде екстрадиран. Конечно е на македонско тло.
Проблем е, што оние, што го жигосаа, Гаврил Бубевски од ДПНЕ и Оливер Спасовски од СДС, го жигосаа без обезбедени докази и се уште немаат обвинителен акт.
Ова значи дека присуството на Палчо во Македонија и достапноста на истрагата не им оди во прилог на оние што го наклеветаа, што значи дека физичката ликвидација на Палчо, токму на Гаврил и Оливер им оди во прилог.
Палчо е бренд, Палчо е Великан на македонската борба и мора да има ВИП безбедносен третман. Едно влакно ако му фали од главата, затворската полиција ќе биде соучесник во злоделото
Палчо треба да биде на безбедно, изолиран од ризици по живот, убиство, труење со храна, пијалоци, нарушување на здравјето, физичко малтретирање и изнудување на признанија, да има лекар што ќе го следи неговото здравје, биохемиска анализа на секој оброк и пијалок што ќе го конзумира, и радиолошка проверка на облеката и обувките што ќе ги носи. Анализа на крвта и урината еднаш неделно.
Со задолжително, одобрување и посета од страна на членовите на неговото семејство.
Причина е што Палчо е трн во окото на многу антимакедонци, политичко-криминални партии, банкстерите, фанариотите, на секој кој што е непријател на Македонија и Македонците.
Со почит,
Ваша ПП Десна