Иницијатива за распишување ДВА РЕФЕРЕНДУМА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ 29/03/2024

Почитувани Македонки и Македонци,

Политичката партија ДЕСНА, како единствена докажана промакедонска партија, која што создава дела, а потоа остава делата да сведочат за нејзината посветеност на Македонија и Македонците, штотуку превзеде чисто македонска иницијатива за распишување два референдума, едниот за раскинување на Договорот со Бугарија од 2017 година, и другиот за раскинување на Спогодбата со Грција од 2018 година.

Горенаведената иницијатива е на предлог на посветените македонски родољуби, а во согласност со програмата на делување на ПП ДЕСНА, односно нејзината уникатна заложба за примена на Директна Демократија. Тоа значи дека ако гласачите и дадат доверба, ПП ДЕСНА, меѓу другото ќе донесе закон за Директна Демократија, односно примена на непосредна власт на народот, кој што самиот ќе иницира, прифаќа и исполнува решенија за својата иднина.

Подносител на иницијативата е првиот од еднаквите во ПП ДЕСНА, лично В.Д. Претседателот на партијата.

Потписите ќе се собираат во работно време од 08ч30 – 16ч30, во следните подрачни единици на ДИК:

  • Кисела Вода,
  • Карпош,
  • Центар,
  • Гази Баба,
  • Куманово,
  • Велес,
  • Свети Николе,
  • Штип,
  • Струмица,
  • Прилеп и
  • Битола.

Ќе нагласиме дека одделно се потпишувате за Референдум за раскинување на Договорот со Бугарија и за Референдум за раскинување на Спогодбата со Грција, односно ако сакате да се потпишете за двата референдума, треба да се потпишете на две места.

Штом ќе ги собереме потребните потписи, ќе поднесеме барање до Собранието на #Севернава да распише Референдуми за раскинување на штетните договори за Македонија и Македонците.

Со почит,

Ваша ПП Десна