Соопштение за медиуми и јавноста
Повод за денешното обраќање до медиумите и јавноста во Македонија беа вчерашните случувања, поврзани со барањето на Палевски Љупчо, од истражниот затвор во Шутка-Скопје, на адреса на Кривичниот суд во Скопје каде истиот побара законски застапник-адвокати со име и презиме на истите.
Барањето, пред да стаса, до Кривичниот суд, беше компромитирано, од разни “новинари и медиуми” во Македонија.
Истите, веднаш тргнаа во напад и линч врз посочените адвокати, никој да не го брани “монструмот Палчо”.
За Ваша информација, сите адвокати во Македонија, имаат лиценца за работа и имаат положено заклетва во Адвокатската комора на Македонија , исто како што и секој лекар со својата Хипократова заклетва треба да ги лекува сите пациенти, без при тоа да врши дискриминација по било која основа.
За истакнување, пред Македонската јавност е и фактот што во текот на вчерашниот дневник на #ТВ_Сител, од страна на уредникот од таа куќа, заедно со гостинот, адвокатот Јанаки Митровски, се изврши “јавен линч и осуда” со завземање на страна, дека НИКОЈ не треба да го “брани Палчо”. Истиот “адвокат” изјави дека НЕМА да го брани, ниту по цена да му биде одземена лиценцата за работа од АКРМ!
Политичка партија ДЕСНА упатува АПЕЛ, до сите адвокати во Македонија, до органите на прогонот и правосудните органи, да обезбедат фер услови за правично и јавно судење на ” осомничениот Палчо”.
Огромно благодарам на ТВ Алсат, што се одважија и медиумски го покриваат овој настан, јавната прес конференција на овластениот претставник на Политичката партија ДЕСНА.
Ви благодариме.