Писмо од Палчо од Шутка: Мочам на ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ во СЕВЕРЏАНИЈА
Најголемиот дел на ИНТЕЛЕКТУАЛЦИТЕ во СЕВЕРЏАНИЈА се клиенти на државата во која зборот „Демократија“ е најбаналниот, напразно ставен збор, најчесто идиотска во реченица, без никакво значење! Па така, мојот македонски народ секојдневно суштествува, да не пишам изумира… За да го сокријам дефетизмот, велам Македонецот суштествува во општество во кое не постои јавна дебата.Се работи за околку 30 годишно елементарно нефункционирање на државата, и затоа Македонецот трпи и чека нешто да се случи за да тој конечно почне пристојно да живее.
Просечниот Македонец, во моментов е безнадежен, не очекува ништо добро во таквата немоќна, понишувачка позиција. И ете го ДИК, кој како честитка соопштува: „Ти Македонецу кој го полниш буџетот, ние немакедоницте да го трошиме, во следните 4 години, партиите, таа и таа ќе ги трошат парите од вас Македонците собрани, а партиите, тие и тие ќе бидат опозиција, при што нема да ги штитат вашите права и интереси, туку блудно ќе ви се нудат за следните 4 години, нив да ги инсталираме“.
Пресот заврши, на здравје нови 4 години робување Македонците.
Ваквите исчашени општества, не со погрешни ВРЕДНОСТИ, туку без никакви вредности во буквална смисла не поседуваат ниту важност, ниту некаква група која се бунтува, која јавно би искажала НЕЗАДОВОЛСТВО. Голем и силен духовен вакуум е распростанет врз една многу стара земја со неверојатно голема ИСТОРИЈА, која сама по себе претставува и пораз на актуелнава империја, која во суштина е корпорација со име „US Corporation“, која нема никаква врска со онаа некогашна славна Федерација изградена на темел на најпрогресивниот политички документ, ДЕКЛАРАЦИЈА за НЕЗАВИСТНОСТ!
Во моментов, „US Corporation“ приватно се шета по свермиров, технолошки никогаш не постоела посилна организација во оваа последна Цивилизација, но повторно ќе пропадне како и онаа империја во која сонцето никогаш не заоѓаше, изградена со ПИРАТСТВО, БРУТАЛНОСТ и СКАЗНИТЕ за ДАРВИН!
Како ќе пропаднат силните? Како и секогаш, кога ЛАГАТА и СТРАВОТ ќе изчезнат кај РОБОВИТЕ.
Забранетиот АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ, забранет со „закон“ само на нас МАКЕДОНЦИТЕ е насликан по СВОДОВИТЕ и ЅИДОВИТЕ насекаде во ВЕРСАЈ, ВАШИНГТОН, ЛОНДОН и тоа 10 пати попристатен од Царот над Царевите нашиот Господ бог ИСУС ХРИСТОС. После 2000 и кусур години никако да ни објаснат империиве, сопственици на „ВИСТИНАТА“ на кој јазик мајка му на Александар му говорела додека го растела, на кој јазик НАРЕДБИ давал кога тогашниот свет го освоил? Зошто со Египетски хиерогливи не затрпаа, со камења од ваму, од таму, смешни типови, езотерии продаваат на голоемо, археолози ги викаат! За само 6 години, тогашниот свет го освоил, но ете нас со ХОМЕРА ни го подуја за тепачката околу жена на Атињаниве против ТРОЈА! Нема писмо до МАМА, нема наредба за ВОЈНА, нема како ЗЛАТОТО да се изброи и подели, а прашањето е ЗОШТО!
Купишта на ПИСАНИЈА и ТОЛКУВАЊА се одпосле пишувани за Александар, но без исклучок писанијата не се пишани од неговите, од неговиот РОД, од нас МАКЕДОНЦИТЕ. Може логично да се заклучи дека првата држава по која како урнек се направени сите империи како ДЕНЕШНАВА КОРПОРАЦИЈА била држава во која сите биле неписмени, НЕ ПИШУВАЛЕ!
Но за среќа на МАКЕДОНЦИТЕ, нашиот БЛАЖЕ МАКЕДОНЕЦОТ, мислам на Конески од Небрегово, одговорот на сето ова, како пророк во ТВРД Американски Комунизам на нас СЛАВЈАНИТЕ инсталиран, ДА, ДА, СЛАВЈАНИТЕ на АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНЕЦОТ ни КАЖА: „ИМЕТО НИ Е ГОЛЕМО, ЌЕ ПОСЕГНАТ ДА ГО ЗЕМАТ“.
Блаже кажа дека јазикот наш, јазикот МАКЕДОНСКИ е ИЗВОРОТ и ДИРЕКТНАТА ВРСКА на овој народ со големата со илјадници години ИСТОРИЈА, а не само генетика која е неоспорна, но како наука, генетиката на едно племе или народ е ранлива и може да биде моделирана со политика на краток период па не ја земам во прв план!
Но ЈАЗИКОТ е ТЕМЕЛОТ, ДОКАЗОТ, ВРСКАТА со нашата ГЕНЕЗА која КОРПОРАЦИЈАВА ја боли многу, затоа што МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК е по силно орудие од најстрашното на „US Corporation“.
Постоењето на МАКЕДОНЕЦОТ и неговиот јазик сам по себе е сведок и доказ дека во последните 10 века на оваа цивилизација светот функционира според ФАЛСИФИКАТ, ЛАЖНА ВИСТИНА!
Затоа БЛАЖЕ е ГОЛЕМ, затоа што беше ГРАНДИОЗЕН во МИСЛАТА, како и со кодификацијата на нашиот современ македонски јазик, кој БЛАЖЕ успеа да го сочува, да го СПАСИ!
Затоа Блаже на време ни ПОРАЧА СЕ, но ние не сакавме да го разбереме, не знаевме!
Денес во оваа небиднина, Маккедонецот е намуртен и тажен, го нема ниту ПЕТРЕ со неговата огнена емоција за песна, роден поет над поетите. Секако, после ПРЛИЧЕВ, ПЕТРЕ од кого многу научив кога бев зелен и наивен, нема ниту надеж, ниту пак проста примитивна тепачка заради нас Македонците. Па така Македонецот ден за ден, недела по недела, чека да се случи нешто МАКЕДОНСКО во ИНТЕРЕС на МАКЕДОНЕЦОТ. Го заморија сиротиот Македонец со МАКЕДОНСКИ ЛАГИ и ИЗМАМИ, секогаш на свој јазик го ЛАЖАТ и ПРЕЛАЖУВААТ. Денес е потешко од времето ОТОМАНСКО затоа што душманот, тиранинот на кого му слугуваш не говори јазик кој не го разбираш, не, денес БРАТ, БРАТА СИ ГО ВЛАДЕЕ, БРАТ на БРАТ очи вади исто како ВАСИЛИЈ и САМОИЛ, конкретно БРАТУЧЕДИ.
Но доколку ви е опасна ТЕМАВА со БЛАЖЕ / ЈАЗИКОТ / АЛЕКСАНДАР, зошто барем МАТКАЊЕВО ИНТЕЛЕКТУАЛНО, кое ПРЕДОЛГО ТРАЕ со квалитет на удолница, скоро БАНАЛНО, не го прекинете, па како пример не отворите јавна дебата за УБИСТВАНА врз ЈЕЗУИТСКИТЕ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ после падот на БЕРЛИНСКИОТ ЅИД, кон крајот на 80тите и врската со ВТОРИОТ ВАТИКАНСКИ СОВЕТ од 1962 година. Што значи ЛАТИНО-АМЕРИКАНСКАТА „РЕЛИГИЈА на ОСОБОДУВАЊЕ“, како причина за ЦИА да испоубива толкав број на учени луѓе ЈЕЗУИТИ! Ако за вас, е опасно да се дебатира за системско бришење на МАКЕДОНЦИТЕ, како Атлантистички квази интелектураци, говорете за ДОКТРИНАТА на САД и вашиот КЕНЕДИ, омилениот, УБИЕНИОТ!
ПИШИ БРАТЕ НЕШТО ИНТЕРЕСНО, ШТО БИ РЕКОЛ МАКЕДОНЕЦОТ, тажен со евтино пиво во рака, пред кооперација.
Проблемот е ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ и КЛИЕНТ на ВЛАСТА, а секоја ВЛАСТ е едно те исто во МАКЕДОНИЈА. Еве ќе се послужам со ТУЃА МИСЛА, која не е груба и рапава како мојата па ќе ја цитирам: „Разликата меѓу двете катерории на ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ ја дава рамката за одредување на ОДГОВОРНОСТА НА ИНТЕЛЕТУАЛЦИТЕ. Овој израз е двосмислен. Дали се однесува на моралната одговорност како пристојни човекови битија кои се во позиција да ги оскористат своите привилегии и статус за да се залагаат за прашања околу СЛОБОДАТА, ПРАВДА, МИЛОСРДИЕ; МИР и други сенитменатални интерси….? Или пак се однесува на улогата што од нив се очкекува да ја играат како технократски и политички интелектуалци кои не ги омаловажваат туку им служат на раководствата и етаблираните институции“? Завршен цитат.
Намерно не го пишувам сопственикот на мислата од ЦИТАТОТ, за да се видиме какви сме, НИКАКВИ! Сега морам да пуштам вода во затворскиот чучавец затоа што квалитетно се исмочав! КРАЈ