Аманет
Убаво е кога музиката ја восприемаш како слушател од страна на публиката.
Сите мои комплименти за вечерашниот концерт на Вокално-инструментален состав Аманет / Vokalno-instrumentalen sostav Amanet кои за првпат ги слушав во живо. Браво за звучната обоеност од народните инструменти кои музичките делници од дувачките и жичаните народни инструменти вешто се спојуваа со особено внимание на хармонското движење на мелодиските линии, а во дадени моменти многу суптилно со без особена нагласеност се додаваше друга музичка впечатливост со драмски карактер придружено од исконскиот звук на тапанот кој се претопуваше со другите народни инструменти. Ми се допадна што во изведбите имаше динамичко нијансирање и вешто одредени темпа при што се овозможи истакнување на лирски и драмски контрасти во изведените песни. Вокалната интерпретација посебно ќе ја пофалам затоа што се чуствуваше голема стабилност во изведбата и особено зачуваниот традиционален начин на изведба на македонската народна песна. Двете солистки поседуваат чист, топол и вокално добро фокусиран глас со еднаква звучност во регистрите. Во зависност од карактерот на песните со особена внимание се изведуваа широките фрази, а во исто време продорноста на нивните гласови беа во склад со изразените емоции.
Од импресиите на членот на Политичката партија ДЕСНА, по повод нивната изведба во Велес и во Штип (фотографиите се од Штип во Економскиот факултет)
Еден од столбовите на кои почива политиката на Десна
Со почит,
Политичка партија ДЕСНА






