Зорица Цветковска

Кандидат за Претседател на Република Македонија

Кратка биографија

Се викам Зорица Цветковска, родена сум во Велес, Република Македонија, во работничко семејство.

Основно образование завршив во основното училиште Кирил и Методиј во Велес како првенец на генерацијата.
Средно образование завршив во Велес во гимназијата Кочо Рацин, класот за медицински сестри, повторно како првенец на генерацијата.

Високо образование

Школувањето го продолжив на Филозофскиот факултет во Скопје, катедра за Социјална Политика и социјална работа каде што се стекнав со звање дипломиран социјален работник.

Работно искуство

Се вработив во 1986 година во Центарот за социјална работа во Велес каде работев до 2009 година. Во тие 23 години, 7 години бев Директор на Центарот а останатите 16 години работев како социјален работник.

Во 2009 година преку конкурс бев примена во Министерството за труд и социјална политика, во Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната и детска заштита, на работно место Инспектор за социјална заштита каде до денес работам.

Имам вкупно 38 години работен стаж во областа на социјалната политика и социјалната работа, кој го поминав во помош и грижа на лица кои што се наоѓаат во социјален ризик и со најранливите категории на граѓани.

Познавање јазици

Англиски јазик

Организациски вештини

  • Чесна личност која може да работи на своја иницијатива и како дел од тим
  • Одговорна, доверлива и методична личност
  • Комуникативна, кон сите нивоа на организација
  • Транспарентна кон заедницата во која делува

Интереси, хоби

Читање, прошетка во природа, рекреативно спортување, одгледување цвеќиња, дружење со пријателите