Соопштение за Одлуки на 3. Конгрес на П.П. Десна
Соопштение за јавност и медиумите (бр. 02-2024)
Политичката партија Десна ја информира јавноста дека, денес на 26. Февруари 2024 година го одржа третиот Конгрес на ПП ДЕСНА, на кој што беа присутни 42 од делегатите на партијата.
На дневен ред на 3. Конгрес беа две точки:
- Носење одлука за поддршка на членот на ПП ДЕСНА, Зорица Цветковска, која што воедно е и член на Надзорниот одбор на партијата, во процедурата за собирање 10.000 потписи за потврдување на нејзината кандидатура за претседател на Република Македонија, како и пружање полна поддршка во севкупната понатамошна кампања за нејзина победа на претседателските избори, и
- Измени и дополнувања на Статутот на ПП ДЕСНА.
По изложување на кандидатурата на членот и функционерот на ПП ДЕСНА, Зорица Цветковска за нејзина кандидатура за Претседател на Република Македонија, се отвори дискусија во која што сите дискутанти се изразија позитивно во врска со кандидирањето на Зорица, како и за поддршката што таа треба да ја добие од матичната партија – Политичката партија ДЕСНА.
По исцрпувањето на дискуциите, поминавме на гласање за поддршката. Резултатот од гласањето е следен:
„Членовите на Конгресот на ПП ДЕСНА, на 3. Конгрес на партијата ЕДНОГЛАСНО донесоа одлука дека ПП ДЕСНА во севкупната кампања за претседателските избори ЗАСТАНУВА зад кандидатурата на ЗОРИЦА ЦВЕТКОВСКА за нејзин избор за Претседател на Република Македонија“.
За таа цел ги превземаме сите мерки за нејзина поддршка. Во прв ред нејзината програма и Биографија да бидат објавени на веб страната и на фан страната на Фејсбук на ПП ДЕСНА.
ПП ДЕСНА ќе објави и јавен повик за прибирање на потписи за кандидирање на Зорица Цветковска за Претседател на Република Македонија.
По основ на втората точка, ПП ДЕСНА изгласа измени во Статутот кои што ги има сработено Комисијата за статутарни измени. Тие измени, во рок од 30 дена ќе бидат доставени до Основниот граѓански суд во Скопје на одобрување и внесување во картотеката на ПП ДЕСНА.
Соопштението да биде јавно објавено на веб страната на ПП ДЕСНА, на фан страницата на Фејсбук, како и да биде доставена до сите медиуми и јавни гласила во Република Македонија.
Република Македонија, 26.02.2024
Со почит,
ПП Десна.